Триесеттина познати уметници од земјава и светот ќе земат учество на осмата ликовна колонија „Вевчански видувања“, што ја организира угостителскиот бренд „Виа Игнација“, каде на отворањето ќе настапи едно од најголемите музички имиња на Балканот, Тереза Кесовија.

Отворањето на колонијата е на 24-ти јуни, во 21 часот, а гостите ќе имаат извонредно ретка можност да бидат во друштво со кралицата на шансоните во прекрасниот амбиент на ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани.

– Во продажба за овој настан ќе бидат пуштени ограничен број на влезници. Резервации можат да се направат на тел.(+389)71305416 или на e-mail: [email protected]. – информираат организаторите на ликовната колонија.

 

Ликовната колонија „Вевчански видувања“ во изминатите осум години прерасна во респектабилна културна манифестација, чиј квалитет е препознаен во светски рамки. Најдобрите дела насликани од учесниците на колонијата се изложувани во странство, минатата година во април колонијата имаше изложба во „MC Gallery“ во Њујорк, САД, a оваа година изложбата ја посети Москва каде ликовните дела беа изложени во Универзитетот за уметност и дизајн.

OhridNews