Најголемиот македонски безжичен интернет провајдер SunWireless информира дека деновиве е потпишан договор со охридскиот хотел “Гранит“ за првокласен сервис на безжичен интернет.

– Големо задоволство ни е што добивме можност нашиот сервис да го направиме достапен и за гостите во хотел од високо реноме, каков што несомнено е и “Гранит“. Максимално ќе се потрудиме да ја оправдаме довербата и да ги задоволиме потребите и очекувањата на сите гости и посетители на хотелот – изјави Весна Стојановска од менаџерскиот тим на SunWireless.

SunWireless при-пејд картичките ќе може да се купат на самата рецепција во хотелот и со нив гостите добиваат брз и стабилен Wi- Fi интернет низ целиот хотел, околните плажи, на многу локации низ Охрид како и во сите останати над 550 хотзони на SunWireless низ Македонија.

Со овој договор, “Гранит“ се приклучува на листата хотели каде SunWireless обезбедува свој сервис, а ја сочинуваат уште и “Александар Палас“ , “Дрим“, “Хотел Монтана“, “Кристал Палас“ “Београд“, “Уни Палас“ и други елитни хотели.

OhridNews