Безживотно тело на маж е пронајдено денеска околу 15 часот во водите на рекат Црн Дрим во Струга, во непосредна близина на мостот кај Градската болница.


Телото меѓу подводната вегетација го забележал случаен минувач кој веднаш ја алармирал полицијата.

Како што соопшти СВР Охрид починатиот е  Петрит А. (37) од Струга. На местото на настанот увид изврши струшката полиција, а по наредба на издтражен судија врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, со цел утврдување на причините за смртта.

 

Ohridnews