Вчера во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ училиштето „Свети Наум Охридски“ во Пештани го посети Библиотеката на тркала.

Во активностите што ги реализираа од фондацијата активно учество зеле учениците од прво до петто одделение од централното училиште, заедно со своите наставници и родителите. Со учеството во повеќето групни активности за забавно учењето, учениците поминале повеќечасовно учење и дружење заедно со координаторите од фондацијата каде преку игра го развивале логичкото и проблемското размислување и го вежбале изразното читање и изразување.

Во групната активност за забавно учење математика преку игра со картички и плочки, учениците на интересен и забавен начин ги вежбале и утврдиле математичките операции кои ги изучуваат во почетните одделенија.

Учениците исто така покажале голем интерес и за групната активност со цртање каде на свој афтентичен и забавен начин ги искажале своите желби и интереси кон книгата и пишаниот збор.

Дружењето со  Библиотеката на тркала и учењето преку игра на забавен и интересн начин следната недела продолжува со учениците од прво до петто одделение во подрачните училишта со селата Трпејца, Елшани и Коњско.

OhridNews