Црвен крст Охрид упатува апел да им се помогне на социјално загрозени семејства кои мака мачат да преживеат на екстремно ниските температури.

Сите хумани граѓани кои имаат можност да донираат користени и сочувани ќебиња и прекривки како и топла облека и обувки, да ги достават до Црвениот крст, кој ќе ги распредели до социјално-загрозените семејства, според нивните потреби.

Деновиве живата во термометрите како навечер, така и преку ден, е под нулата, а според најавите на метеоролозите ваквото време ќе покрае до крајот на февруари.

OhridNews