Како што информираат од Црвениот крст, на влезот од кафулето ќе биде поставена каса во која секој што ќе присуствува на забавата ќе може да донира парични средства.
Со овој настан, воедно ќе биде одбележан и 15- тиот роденден на Клубот на млади на Црвениот крст, чиј прв претседател бил Сашко Георгиески .
За време на забавата ќе се доделат и благодарници на волонтерите кои минатата сезона учествувале во изработката и реализацијата на осум проекти и биле меѓу најуспешните во рамки на општинските организации на Црвениот крст во Македонија.
Со овој настан и официјално запоцнува новиот циклус на Промоција на хуманите вредности, а охридските волонтери се надеваат дека и годинава ќе го задржат преодниот пехар како најуспешна Организација на Црвениот крст.