Во организација на лајанс клубот „Лихнидос“ и хумани млади луѓе од охридската Гимназија, утре вечер, 20-ти декември во ноќниот клуб „Арена“ во Охрид, ќе се одржи хуманитарен концерт. На концертот ќе нстапат локалните бендови „Aquard“ и „Appendix“. Концертот започнува во 21.30 часот, а влезницата изнесува симболични 50 денари.

Собраните средства од продажбата на влезници ќе бидат наменети за лекување на младо лице од Охрид, на кое му е неопходна помош. Лајанс клубот „Лихнидос“ ги поканува сите хумани граѓани и организации да го поддржат хуманитарниот концерт.


Бидете хумани – помогнете млад живот

OhridNews