Под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС”  од 16-22 октомври, Црвен крст Охрид ја одбележува Неделата на борба против гладта.

Предвидени со голем број активности кои ќе бидат насочени кон прибирање на финансиски средства, преку продажба на вредносни бонови како и прибирање на прехрамбени производи. Собраните средства ќе бидат наменети за приготвување на прехрамбени, хуманитарни пакети за помош на сиромашните и гладни наши сограѓани.

Помогнати од ресторанот “Далга” и “Градинар” Охрид, ќе бидат подготвени прехрамбени оброци кои активистите на општинскиот Црвен крст во текот на неделата ќе ги дистрибуираат до граѓаните кои од здравствени, социјални причини или старост, не се во можност сами да подготват оброк.

Од општинскиот Црвен крст упатуваат апел и до останатите ресторани во градот да се приклучат кон акцијата издвојувајќи 10% од дневниот промет во текот на неделата и да го донираат за оваа цел. Апелот се упатува и кон сите фирми, институции и граѓани на Охрид да се приклучат во кампањата за Неделата на борба против гладта.

Според податоците од Бирото за вработување, во Охрид има над  10 000 невработени лица, а според податоците од Центарот за социјална работа повеќе од 1500 семејства се социјално загрозени и се на работ на егзистенција.

OhridNews