
Хуманитарната забава се организира во рамките на проектот „Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција“, а целта е преку забава и дружење да се соберат средства за помош на децата кои се лекуваат и школуваат во болницата „Св.Еразмо“.
Забавата на која песни на Тоше ќе изведуваат млади музички таленти од Охрид, ќе се одржи на 25.01.2008 г. (петок), во ноќниот клуб „Арена“, со почеток во 20:00 ч. Цената на влезниот билет е симболична и изнесува 50 денари.
ohridnews











