Навивачите на второлигашот од Кочани, Осогово во намерата да му помогнат на својот миленик,  започнаа да продаваат блок влезници за натпреварите на “жолто-сините“ за една полусезона.


Под мотото “Биди фан, купи карта“ популарните “сејмени“ ќе ја анимираат јавноста. Цената на блок билетот со кој ќе може да се гледаат мечевите на градскиот стадион во Кочани ќе биде само 300 денари.


Лани тимот на Осогово избори влез во втората лига, но не ја плати потребната котизација и беше вратен во третата лига.

Ваков потег неодамна направи и најстариот македонски фудбалски клуб Љуботен, кој преку концерти на кои учествуваа македонските поп звезди собираше средства за опстојување. Љуботен во моментов се натпреварува во третата лига Запад.

Ohridnews