“БИДИ ХУМАН, БИДИ ЦРВЕНО – БЕЛ” е мотото под кое Црвен крст Охрид на 28.11.2008 г. (петок), во дискотеката “Парк”, Охрид со почеток во 21:00 ч. организира голема хуманитарна забава. Облечени во црвено бела облека или  црвено бели детали на себе, со музика за сите вкусови, заедно ќе можат да се забавуваат помладата и повозрасната генерација.


Црвениот крст ги поканува сите хумани луѓе, за влезница од 100 ден. да поминат незаборавни  моменти, полни со забава и изненадувања и воедно помогнат на социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебрца.

Сите влезници учествуваат во извлекувањето за главната награда -7 дневно зимување на Копаоник, Србија.

Ohridnews