Кадмо бар

2019-08-14 21:30 - 2019-08-14 23:59

Охридската музичка атракција „Броз“ во среда, 14 август, во бар „Кадмо“ во центарот на градот, ќе го промовира  видео спотот за новата песна која го носи насловот „Биди тука“.

Текстот и музиката за песната се авторски на членовите на бендот „Броз“, аранжманот е на Јован Куциноски, електрична гитара свири Димитри Алчев, бас гитара Јане Тодороски, аудио мастерингот е на Борче Кузмановски, а песната и видео спотот ги сними продукцијата “Motion Emotion” во реија на Јован Куциноски.

Снимањето на песната и спотот ги помогнаа плажа Канео, Кадмо лаунџ и бар и плажа Кадмо, техничка поддршка даде Labino Sound, а медиумски покровител е OhridNews.

Бендот „Броз“ го сочинуваат: Владимир Сарафилоски – вокал, Климент Наневски – гитара, Христијан Томевски – гитара и Александар Труфуноски – кахон.

Ова е втора авторска песна на „Броз“ по „Каде ми си ти“, која беше промовирана минатата година.

OhridNews