Бих наместо со Македонија, ќе спарингува со Мексико
04.01.11 09:04
Репрезентацијата на БИХ не доаѓа во Скопје во февруарскиот термин на ФИФА одреден за пријателски натпревари. Од канцеларијата на ФФМ информираа дека се обидуваат да договорат средба со некогашната братска република, но на официјалната веб страна на Фудбалската Федерација на БИХ се вели дека на 9 февруари Џеко и компанијата ќе патуваат во САД каде на стадионот “Џорџија Доум“ во Атланта ќе одиграат пријателска средба со репрезентацијата на Мексико.
Македонија во моментов останува без спаринг партнер за овај термин кој е последен пред продолжувањето на квалификациите за ЕП 2012. Претходните два меча против Албанија (0-0) и Кина (0-1) селекторот Мирсад Јонуз ги искористи да им даде шанса на голем број дебитанти и фудбалери кои беа во втор план. Се очекува овај термин да биде искористен за прочистување на листата репрезентативци кои ќе ги бранат боите на Македонија во продолжувањето на квалификациите.
Македонија со четири освоени бода се наоѓа на петатта позиција на табелата. Пред “црвено-жолтите“ е двомеч со селекцијата на Р. Ирска по кој многу работи околу нашите можности за пласман на континеталниот собир ќе бидат појасни.
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.