Аргентинскиот фудбалски експерт Марсело Биелса (55) ја отфрлил понудата на Интер, тврди Аргентинскиот весник “Ла Национ“.

“Во изминатиот месец, Марсело Биелса ги одби понудите на три европски клубови. Последниот негативен одговор е на понудата од Интер и тоа од претседателот Масимо Морати, кој сакаше да го наследи Леонардо”, пишува “Ла Национ“. Претходно Бијелска ги одбил понудите на  Севиља и Рома.

Сопственикот на Интер, остана изненаден од одлуката на харизматичниот Аргентинец познат под прекарот Ел Локо, бидејќи еден ден претходно најави отпуштање на Леонардо кој се очекува да ја преземе функцијата на спортски директор на ПСЖ.

Ohridnews