Со 62 победи и 20 порази, Чикаго Булс ја зазеде првата позиција во пред стартот на разигрувањето за титулата. Ова е прв пат Биковите да стартуваат од позивијата број 1 откако екипата остана без Мајкл Џордан и Скоти Пипен.


Во последното редовно коло Чикаго го победи Џерси со 97:92, а Спарси загубија во Феникс со 103:106 па кошаркарите од Сан Антонио имаат 21 пораз и мораа да се задоволат само со првата позиција во Западната конференција.

Доколку овие две екипи се најдат во финалето, предноста на домашниот терен ќе ја има Чикаго.

“извор Макфакс“
Ohridnews