Градилиштата на брегот на езерото треба соодветно да се обезбедат со цел да не се дозволи загадување на животната средибана во крајбрежјето, реагираат од Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро по повторното испуштање црвена вода во езерото од градилиште кај Горица.

– Сите институционални мерки мора да бидат преземени, а градежниот и еколошкиот инспекторат мора да ја утврдат состојбата. вели Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро. Според него институциите и сите надлежни за заштита на животната средина треба да бидат единствени и одлучно да реагираат кога е потребно, во спротивно, смета тој,  нивните заложби ќе бидат бесцелни.

Според изведувачот на градежните работи во Горица црвената боја на водата која се испушта во езерото доаѓа од црвениот слој кој се наоѓал во земјата на која се гради станбено-деловниот објект и тој бил автохтон, како и дека подземната вода која се испумпува во езерото е чиста вода.

OhridNews