Селекцијата на Чешка до победа на ЕП стигна во втората рунда откако беше поуспешна од Грција со 2-1. Брзите погодоци на Јирачек и Пилар беа пресудни за конечниот победник.

Добрата подготовка за мечот го даде посакуваниот резултат. Во првото полувреме одигравме феноменално додека во второто ни се повреди Росицки и ја загубивме битката на средината од теренот. После првиот натпревар кога во нашата селекција не функцинираше ништо во вториот меч сум задоволен од играта и секако резултатот – истакна селекторот на чесите, Билек.

Во последното коло Чешка ќе се сретне со домаќинот на ЕП, Полска која во второто коло ремизираше со Русија играјќи 1-1.

Мх.П.