Селекторот на Чешката репрезентација, Михал Билек имаше само пофални зборови за својата селекција која по триумфот над Полска со 1-0 како првопласирана ги заврши мечевите во А групата.


– Задоволни сме што го совладавме домаќинот на првенството. Тие одиграа два добри меча, немаа пораз и беа фаворити во пресрет на нашата пресметка. Споро влеговме во мечот, но како одминуваше времето игравме се подобро и подобро и на крајот славевме. После првиот меч и поразот од Русија ситуацијата беше комплицирана за нас, но покажавме желба и карактер и успеавме да се пласираме понтаму – рече Билек.


Мислам дека играме добар фудбал. Тоа го покажавме на мечот со Русија, но не се браневме доволно и тоа беше клучот во поразот. Но по тој пораз одигравме дисциплинирано во одбраната. Тимот ја има потребната самодоверба и се држи како една целина. Знаевме дека пораз не враќа дома, но среќни сме ќе останеме сеуште во Полска. Нашиот објектив беше да ја минеме групата и да стигнеме до четвртфиналето. Не очекуваме да ја освоиме групата,  сега сме во нокаут фазата каде се е можно – додава Билек.

Чешка како првопласирана во А групата, за противник ќе го има второпласираниот тим од Б групата. Второ пласираната Грција за противник во четвртфиналето ќе го има најдобриот тим од Б групата.