Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска, им ги врачи билетите за Европското првенство на вработените од клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, кои организирано ќе ги следат натпреварите на Македонија на ЕП.

ФФМ веќе им даде предност на здравствените работници кои аплицираа за купување на билети за ЕП, а дополнително, на медицинскиот персонал преку Министерството за здравство ќе им овозможи влезници за натпреварите на Македонија на ЕУРО 2020.

Изминатите речиси две години, едноставно, живеевме во време и моменти кои не потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Јасно ми е дека ова е премалку, но чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста трудот што го вложуваат за да нѐ заштитат сите нас. Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности, – изјави Сејдини.

Македонската фудбалска репрезентација во групата на ЕП е со Австрија, Украина и Холандија. Првиот меч го играме на 13 јуни против селекцијата на Австрија.

OhridNews