Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид во соработка со Планинската спасителната служба (ПСС) при Црвен крст Охрид, на 03.10.2026 година (сабота), го организираат традиционалното рекреативно-кондиционо пешачење до охридското село Велестово.

Планинско-рекреативна тура ќе се одвива по планинската патека, а стартот е во 09 часот пред платото на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во Охрид.

На соодветен терен во близина на селото, предвидено е пред учесниците на рекреативната планинска тура, претставници на Планинската спасителна служба да извршат показна презентација односно демострација на техники за спасување на планина што е дел од меѓусебно потпишаниот меморандум за соработка. Целта на оваа активност е промовирање на рекреативниот спорт, физичката активност, здравиот начин на живот и дружење меѓу членовите на ИПА, ПСС и граѓаните кои ќе се приклучат на планинарската рекреативна тура, велат од ИПА Охрид.

Воедно, упатуваат покана до членовите на ИПА и граѓаните-вљубеници во рекреативното планинарење од Охрид и регионот, да се приклучат кон оваа активност.

OhridNews