Билетите ќе можат да се купат во Охрид во кафе терасата „Аквариус“, во музичката продавница „Зи Зи Топ“ и во „Контакт Кафе Паб“.
Во Скопје билетите ќе можат да се набават во „Југотон“ (градски трговски центар) и во Кафе „Круг“ (Дебар Маало).
Цената на Билетите е 200 Денари.
Владимир Четкар на концертот во Охридскиот антички театар ќе биде придружуван од Хју Вајт на клавијатури, Џонатан Харви на Бас и Бено Сатлер на Тапани а ќе се претстави со своја авторска џез соул фанк програма од која дел ќе биде премиерно изведена на овој концерт.