Билетите за финалниот натпревар во Супер купот на Европа кој ќе се одигра на 8 август во Скопје ќе чинат од 15 до 38 евра, односно од 900 денари од 2 300 денари, а продажбата ќе почне во јуни месец.


Картите за најголемиот спортски спектакл во Македонија ќе се продаваат онлајн на официјалниот сајт на УЕФА. За подобра организираност и за потребите на новинарите капицитетот на „Телеком Арената“ ќе биде намален на 33 400 седишта.

За љубителите на фудбалот во Македонија и за сите други заинтересирани за дуелот меѓу првакот од Лигата на Шампиони и Лигата на Европа ќе има 20 000 карти, додека другите се намените за екипи учеснички и за спонзорите на УЕФА.

На подготовките на националната „Телеком Арена“ за престојниот фудбалски празник се работи со полна пареа. На некои делови ќе се менува тревникот, а ВИП гостите ќе бидат сместени во сосема нови простории.

OhridNews