Во ОУ „Братство Единство“ Охрид, како дел од зеадничките активности на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието во учебната 2014-2015 започна реализацијата на билингвални работилници со ученици од две први одделенија со настава на македонски и албански јазик.
-Учениците зборуваат на својот јазик и истото го повторуваат на јазикот на другиот. На овие работилници каде децата го учат и македонскиот и албанскиот јазик се врши и интеграција на наставните предмети според Кембриџ програмата. Децата се запознаваат меѓу себе, заедно учат, заедно играат и другаруваат, појаснуваат од училиштето.
Овие активности ги реализираат наставниците Енисер Ајредини и Милка Стојаноска, а за ова полугодие се одржале вкупно 6 работилници на македонски и на албански.
OhridNews