Натпреварот не започна најдобро за охриѓанки кои имаа негатива од 1-0, но шампионите во маката се познаваат. Прво Кривањева изедначи на 1-1, Спироска погоди за 2-1, а победата со шампионски шмек ја запечати Милеска.
“Плаво белите“ со триумфот што значи титула им се реваншираше на фудбалерките од Единство за елиминацијата во Купот на Македонија, а со освојувањето на титулата составот на „Билјанини Извори“ избори учество во Лигата на Шампиони.
Последниот натпревар охриѓанки го играат в сабота на домашен терен против Ас Јунајтед за кога е закажана шампионската прослава.