Поради неплатен долг од 8 200 000 денари ЕВН ја исклучи струјата во спортската арена „Билјанини Извори“.

– Денес на ЕВН и уплативме 150 000 денари, поконкретен да бидам уплативме се што имавме на смектата. Долгот е огромен, на јавноста и е познат и објавен е уште во мај 2013 година на прес конфернеција на претпријатието. Тоа што не се плаќало во минатото сега ќе мора да се плати и ние од тоа не можеме и не сакаме да избегаме. Долгот ќе мора да се подмири и да се најде начин како ќе се стори тоа. За утре е закажан состанок со одговорните во ЕВН и после тоа ќе се знае како понатаму ќе се дејствува за да се дојде до решение – рече првиот човек на Ј.П. „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.
Годинава во спортската арена се одржаа завршниците од Купот на Македонија во ракомет и кошарка, а летово ќе се одржи Светско првенство за кадетки во ракомет.
Ohridnews











