Македонската сениорска репрезентација во ракомет за жени, денес и утре, ќе одигра два контролни натпревари со силната репрезентација на Црна Гора, вице олимписки шампион од последните олимписки игри во Лондон.
Како што информираат од ЈП „Билјанини извори“, натпреварот во четврток е со почеток од 19 часот додека натпреварот во петок е со почеток од 12 часот.
Се со цел промоција на ракометот и генерално спортот за сите возрасти ЈП Билјанини Извори како организатор на претстојните ракометни натпревари, вратите на Спортската сала Билјанини Извори ширум ќе ги отворени за сите љубители на ракометот, спортот, за сите граѓани на Охрид. Со натпреварите против Црна Гора , Македонската репрезентација ги започнува подготовките за настап претстојното првенство во ракомет за жени во Србија. За што подобарврлат од ЈП Билјанини Извори и ги покануваат сите граѓани на Охрид да присуствуваат и навиваат за македонските спортски амбасадори.