Комесарот за натпревари на Фудбалската федерација ,Миле Спиркоски ,ги одреди стадионите на кои ќе се играат бараж средбите за опстанок во Првата лига, како и за пополнување на Втората лига.Двете средби се закажани за 13 јуни.
Според пропозициите, во случај на нерешен резултат, се изведуваат пенали се до конечниот победник. Победниците ќе станат членови на Првата лига, поразените од идната сезона ќе играат во Втората.










