Раководството на Атлетската федерација на Македонија обезбеди донација за набавка на опрема.Средствата беа обезбедени од Норвешката Атлетска Федерација преку Норвешката Амбасада во Македонија и од Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА). Вкупната вредност на опремата е 8.500 евра.


Со средствата од Норвешката Атлетска Федерација беше набавен душек за скок во височина со  сите пропратни елементи кои следуваат (сталки, летва, заштитна покривка), додека со средствата од ЕАА беа набавени штафетни палки и реквизити за фрлачките дисциплини (диск, ѓуле, копје, кладиво) по неколку парчиња од сите тежини. Опремата е од фирмата ВИНЕЏ и е со сертификат од ИААФ.



На 22 март (вторник) во посета на Македонија, а по покана на АФМ доаѓа претседателот на Норвешката Атлетска Федерација и пот-претседател на ЕАА, г-динот Свеин Арне Хансен. Цо г-динот Хансен во Македонија доаѓа и г-динот Добромир Карамаринов, кој е претседател на Бугарската Атлетска Федерација и претседател на Балканската Атлетска Федерација (АБАФ). Предвидено е АФМ со Норвешката Атлетска Федерација и Бугарската Атлетска Федерација да потпише Меморандум за соработка за помош и развој на атлетиката во Македонија.


 Мх.П.