На 23.06.2025 во 16.40 часот во полициската станица Охрид, откако полициски службеници извршиле службен разговор со 75 годишно лице од Охрид, на излезот од објектот на лицето му се слошило и со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Охрид.
Во 17.20 часот лицето починало, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.
На 23.06.2025 година во 20.30 часот на улицата „Богомилска“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, лишија од слобода 31 и 29 годишни лица, двајцата од Охрид.
Тие беа затекнати во момент кога 29 годишното лице на 31 годишното му предал две пакувања со марихуана, кои ги исфрлил откако ги забележал полициските службеници, а кои подоцна беа пронајдени. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews