Ноќеска во 00:35 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишил од слобода 48-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 12.10.2025 во 20:00 часот на крстосницата на улиците „ЈНА“ и „Маркс и Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле 18-годишно лице и 15-годишна малолетничка од Струга.
Тие претходно, во присуство на родителите, го нарушиле јавниот ред со меѓусебна физичка пресметка. Со нив, во ОВР Струга се извршени службени разговори во присуство на родителите и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Димоски.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 19-годишен жител на Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „вонбрачен живот со дете“.
На 02.09.2025, по претходен договор со малолетничката, тој со возило ја земал од едно струшко село и ја однел во неговиот дом во Кавадарци. Откако настанот бил пријавен од родител на малолетничката, преземени се мерки во соработка со Центарот за социјални работи од Кавадарци и малолетничката е вратена во нејзиниот дом, информира Димоски.
OhridNews