На 25.05.2023 година во 18.40 часот, во СВР Охрид од слобода е лишен 53 годишен охриѓанец кој претходно, во семејниот дом во Охрид бил агресивен кон родителите и се обидел физички да ги нападне. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава., информираат од СВР Охрид.

На 25.05.2023 година во 15:30 часот, во СВР Охрид приведени се 39 годишно лице од Охрид и 73 годишно од Белчишта, Општина Дебрца.

Тие, претходно на булеварот „Туристичка“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување поради недоразбирање околу паркинг место а потоа не ги почитувале наредбите од полициските службеници. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 25.05.2023 година во 11.30 часот, во близина на угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лице од Струга, физички нападнала 48 годишна охриѓанка. Против неа, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.05.2023 година во 01.15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Кленоец“ во Охрид, две лица се обиделе со употреба на сила да влезат во патнички автомобил „Голф“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 44 годишно лице од Охрид и притоа го оштетиле. Се преземаат мерки за расчситување на настанот, додаваат од СВР Охрид.

 OhridNews