На 02.11.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од едно охридско село, во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 02.11.2025 во 15:30 часот на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, при преглед во патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 27-годишно лице од Охрид, полициските службеници пронајдоа пневматски пиштол „Винчестер“, кој го носел спротивно на одредбите од Законот за оружје.

Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.11.2025 во 20:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека 59-годишно лице од Охрид се оддалечило од семејниот дом во Охрид.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 27-годишно лице од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews