На 23.07.2025 во 23:10 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 48-годишно лице, вработен во агенција за обезбедување од Охрид.

Тој бил агресивен кон полициски службеник кој во еден угостителски објект на кеј „Македонија“, преземал службени дејствија и му упатил вербални навреди. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 24.07.2025 во 03.14 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 23-годишно лице од Струга.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота“ со струшки регистарски ознаки, што го управувало 23-годишното лице од Струга и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,04 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

На 23.07.2025 во 20.30 часот, полициски службеници од Регионалниот центар Запад во близина на авто камп, лоциран на струшкото крајбрежје, од слобода лишија две 18 годишни лице од Струга.

Тие се затекнати при користење марихуана, која едното лице се обидело да ја сокрие во моментот кога ги забележал полициските службеници. Дрогата е одземена и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.07.2025 во 02.20 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Октиси, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки удрило во бетонски столб, по што возачот бил пренесен во Општата болница во Струга.

По извршено алкотестирање, утврдено е дека тој возилото го управувал со 1,93 промили алкохол во крвта, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

На 23.07.2025 во 15.20 часот во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар на работна машина „багер“, паркирана на локалниот пат помеѓу струшките села Ливада и Делогожда.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews