Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица од Струга. Во текот на 2019 година, пријавените, во својство на инвеститори и сопственици на локација во Струга, без соодветно одобрение за таков вид на градба, започнале со изградба на објект за домување. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на инвеститорите им се наложува, да се прекине со изградбата и во определен рок, да се усогласат објектот според претходно издаденото одобрение, информираат од СВР Охрид.

Инаку, во денешниот билтен на СВР Охрид се наведува дека во текот на изминатото деноноќие (26/27.05..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, на подрачјето на СВР Охрид, две лица од Охрид не ја почитувале забраната за движење. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава.

OhridNews