На 31.08.2023 во 15.30 часот во СВР Охрид, 20 годишна девојка од Битола пријавила дека во с.Шипокно, охридско, била касната од куче скитник, информираат од СВР Охрид.

На 01.09.2023 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид привеле 33 годишно лице од Охрид затоа што во казино на ул. „Абас Емин“ во Охрид заедно со уште едно лице од Охрид физички нападнале 29 годишно лице, исто така, од Охрид, велат од СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews