Британец е приведен за прекршок од Закон за внатрешна пловидба, a поднесена e кривична за охриѓанец за поседување кокаин се наведува во билтенот на МВР.
На 22.06.2025 во 16.30 часот во водите на Охридското Езеро, на околу 200 метри од брегот наспроти плажа Лагадин, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, поради сторен прекршок по член 70 од Закон за внатрешна пловидба, привеле 24 годишно лице од Велика Британија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.04.2024 на паркинг простор во Охрид бил извршен преглед над пријавениот, кој пред неговото возило фрлил кесичка со кокаин, по што бил извршен и претрес во возилото и неговиот дом и бил пронајден и одземен кокаин, посочуваат од МВР.
OhridNews