Вчера околу18.50 на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на превој Буково, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 26-годишен жител на битолското село Кравари и патничко возило „Фиат Пунто“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 48-годишно лице од ресенското село Златари.
Во незгодата, возачот на пунтото и малолетната сопатничка од истото возило се здобиле со тешки телесни повреди. Со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од двете возила, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, Општата болница-Охрид и во Клиничка болница-Битола. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид на возраст од 23 и 21 година, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“.
Тие, на 26.06.2021 година, во угостителски објект лоциран во авто кампот “Градиште“, физички нападнале 27-годишен охриѓанец и му нанеле тешки телесни повреди а кај присутните гости, предизвикале страв и несигурност. – соопшти портпаролот Димовски.
OhridNews











