На 10 јануари во 20.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар од плинска боца во куќа на улица „Даме Груев“, во која живеело 54 годишно лице од Охрид.
Пожарот е изгаснат од страна територијалната противпожарна единица, а лицето се здобило со повреди, поради што е пренесено во Медицински центар Охрид за укажување на лекарска помош. Увид изврши екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.
На 11 јануари Одделението за криминалистичка полиција при СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишно лице од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“ по чл. 284-а ст. 1 од Кривичниот законик.
Имено, на 19.12.2022 на ул. „Булевар Туристичка“ пријавениот е затекнат со патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, негова сопственост, како врши јавен превоз на патници, а при тоа не поседувал соодветна лиценца за вршење превоз, велат од СВР Охрид.
OhridNews












