Полицијата во празничниот викенд бележи бројни интервенции. Доминираат тие за недозволено поседување дрога и насилство.

На 01.08.2025 година во 21:50 часот, на спортски центар во Охрид, лишен од слобода бил 26-годишен житен на неготинското село Тремник кај кого, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја.

По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 01.08.2025 година во 23:10 часот, на спортски центар во Охрид, лишен од слобода бил 41-годишен охриѓанец.

При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот Димоски.

На 02.08.2025 година во 05.40 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, привеле 28-годишен државјанин на Словенија.

При извршен преглед, пронајдоа и одзедоа, опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски.

Во полицискиот билтен изминатото деноноќие регистрирано е едно нарушување на јавниот ред во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид, со физички напад во кој биле инволвирани двајца жители на Охрид. Следи соодветна пријава.

OhridNews