Вчера утрото во 06.10 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките возила „Форд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишно лице од селото Мешеишта, општина Дебрца и „Форд“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од 60-годишно лице од кичевското село Вранештица.

Двајцата возачи се префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош, тие се пуштени на домашно лекување, информира СВР Охрид.

Увид на местото на сообраќајната незгода извршија полициски екипи.

Во билтенот на полицијата поместен е уште еден инцидент, кој се случил синоча во 22.10 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, каде бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три лица на возраст од 20, 22 и 29 години, сите од Охрид.

Против нарушителите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

OhridNews