На 18.10.2026 во 03:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во ноќен клуб во Охрид, едно лице физички нападналo 39-годишно лице од Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 18.10.2026 во 14:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на кеј „Македонија“ во Охрид, 19-годишно лице од Охрид го нарушило јавниот ред и мир со физички напад врз 58-годишно лице.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












