На 14.08.2026 во 02:55 часот во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 32-годишно лице од Австрија затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање нас лучајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 13.08.2026 во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 76-годишно лице од Охрид.
Тој агресивно се однесувал во домот и се заканувал на неговата ќерка и неговиот внук, при што употребил и остар предмет. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.08.2026 во СВР Охрид бил извршен службен разговор со 49-годишно лице од Охрид.
Тој бил пријавен дека во последно време, откако ја завршиле бракоразводната постапка, агресивно се однесувал во домот и се заканувал на неговата 39-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











