На 15.09.2025 во 00:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на малиот плоштад на булевар „Туристичка“ во Охрид, неколку лица физички нападнале две 18-годишни лица и еден малолетник.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 15.09.2025 во 07:15 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 43-годишно лице, двајцата од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews