На 29 мај во 05.45 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 38 годишен охриѓанец, информираат од МВР Охрид.

Тој, претходно, во семејниот дом, по претходна расправија со неговата сопруга, оштетил дел од куќниот инвентар и бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 28 мај во 20.00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека 30 годишно лице од Охрид, во семејниот дом по претходна расправија физички ја нападнал неговата мајка.

Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews