На 5 мај околу 23 часот во СВР Охрид приведен е 46 годишен охриѓанец.
Тој, пред угостителски објект лоциран на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресиввно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, велат од СВР Охрид.
Уште еден случај на агресивно однесување е пријавен истиот ден претходно во 17:50 во СВР Охрид.
Станува збор за 34 годишно лице од охридското село Велгошти кој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и оштетување на влезна врата од куќа на улицата „Крсте Петков Мисирков“ во Охрид, додаваат од СВР Охрид.
Против лицата од двата одделни случаи ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












