ОВР Струга поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“.

Тој, на 14.02.2026 околу 18:00 часот во Струга со нож нападнал 17 – годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди. Напаѓачот е лишен од слобода и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 1,82 промили алкохол во крвта, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Во друг случај, ноќеска во 02:15 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 34-горишен жител на Кичево кој претходно, физички ја нападнал неговата сопруга.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во полицискиот билтен уште се забележани инцидент пред спортскиот центар во Охрид кој се случил вчера, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори во Ливада, струшко, како и пожар на паркирано возило во Кичево во кој нема повредени.

OhridNews