На 05.09.2025 година, во СВР Охрид приведено е 24-годишно лице од Охрид.

При преглед извршен во возило „голф“ во кое се наоѓал, паркирано на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициските службеници од криминалистичката полиција, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При преглед во неговото возило „мерцедес“ а потоа и при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција, пронајдоа и одзедоа марихуана, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews