На 19.11.2026 во 20:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 20:20 часот на ул.„15 Корпус“ во Охрид, по претходна расправија, 33-годишно лице од с.Велестово, охридско и 32-годишно лице од с.Мешеишта, охридско, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 20.11.2026 во 15:30 часот во СВР Охрид, 51-годишно лице од Охрид пријави дека во продажен објект во Охрид, додека бил на работното место, бил физички нападнат од друго лице од Охрид.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews