Во раните утрински часови претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h).

Наредните денови ќе се задржи променливо облачно време, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник. Поради продор на постуден воздух од север во понеделник попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.
OhridNews











