На 13.08.2025 во 18:39 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на плажа на брегот на Охридското Езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 36, 37-годишни лица од Охрид, 37-годишно лице од Гостивар од една и 66 и 44-годишни лица, од Охрид, од друга страна, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 12.08.2025 во 20:59 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во патнички автомобил „мерцедес“ со германски национални ознаки, сопственост на 80-годишно лице од дебарското село Отишани, паркиран во близина на селото Арбиново, општина Дебрца, настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
На 12.08.2025 околу 23 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во патнички автомобил „застава 101“ со охридски регистарски ознаки, кој, сопственикот 56 годишен, од охридското село Горно Коњско, го управувал на локален пат во селото, настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
На 13.08.2025 во 23:59 часот, во ОВР Струга приведено е 26-гдишно лице од струшкото село Корошишта.
При преглед извршен во неговото патничко моторно возило „пасат“, паркирано на улицата „Владо Малески“ во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.08.2025 во 23:59 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во куќа на улицата „Јабланица“ во Струга, избувнал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
На 13.08.2025 во 03.10 часот на улица „15 Корпус“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 21-годишно лице од Струга, кој управувајќи патничко моторно возило „форд“ со струшки регистарски ознаки, бил учесник во сообраќајна незгода помеѓу неговото и патничко моторно возило „туран“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 62-годишно лице од Вевчани.
По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека 21-годишното лице возилото го управувало под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 1,72 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување моторно возило“.
Исто така, на 14.08.2025 во 01.55 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан лишено од слобода е 29-годишно лице од струшкото село Радолишта.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга, сопреле патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа констатирале дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 1,63 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување моторно возило“, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews